Иранските државни медиуми објавија фотографии од проектилот, наречен Фатах, на церемонија на која присуствуваа претседателот Ебрахим Раиси и командантите на елитната иранска Револуционерна гарда.
The Iranians reveal: we have developed a “hypersonic missile”
After quite a few hints in recent months, today the Iranians unveiled the “Fatah” missile in a very impressive ceremony, in the presence of the President of Iran and the commander of the Revolutionary Guard Corps. pic.twitter.com/eWqGfTmbAN
— Nikki ????✝️ (@Nikki87679054) June 6, 2023
Хиперсоничните проектили можат да летаат најмалку пет пати побрзо од брзината на звукот и на сложени траектории, што го отежнува нивното пресретнување. Минатата година Исламската Република објави дека произвела хиперсонична балистичка ракета која може да маневрира во и надвор од атмосферата.
Државната телевизија објави дека иранската ракета Фатах може да ги погоди „непријателските напредни противракетни системи и дека е голем генерациски скок во областа на ракетите“.
„Може да ги заобиколи најнапредните антибалистички ракетни системи на САД и ционистичкиот режим, вклучувајќи ја и израелската Железна купола“, соопшти иранската државна телевизија. Максималната брзина на Фатах достигна 14 мах (15.000 км/ч), се додава.
Fatah hypersonic ballistic missile unveiled ?? pic.twitter.com/unXD2GmNL9
— MESHKAT (@ProjectmeshkatE) June 6, 2023
И покрај противењето на САД и Европа, Исламската Република рече дека ќе продолжи да ја развива својата програма за одбранбени проектили. Сепак, западните воени аналитичари велат дека Иран понекогаш ги преувеличува своите ракетни способности.
Загриженоста за иранските балистички ракети придонесе за одлуката на тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година да се повлече од нуклеарниот договор потпишан во Техеран во 2015 година со шест големи сили.
Индиректните преговори меѓу Техеран и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за спас на нуклеарниот договор се во застој од септември минатата година.