четврток, 24 октомври 2024

Иран го обвини Израел за терористички напади на неговите гасоводи (ВИДЕО)

Иран денес го обвини Израел дека стои зад минатонеделните напади на ирански гасоводи, ја пренесува новинската агенција Тасним изјавата на министерот за нафта Џавад Овџи. Министерот двете експлозии на главната иранска гасоводна мрежа која се протега од југ кон север ги нарече „терористички чин на саботажа“. Нападите се случија на 14 февруари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Непријателот планираше да го наруши снабдувањето на домаќинствата со гас, но во рок од два часа нашите колеги го спречија израелскиот заговор и беа оштетени само неколку цевки“, кажа Овџи.

Во декември минатата година хакерска група која Иран ја поврзува со Израел објави дека извршила кибернетички напад кој исфрли од функција 70 отсто од иранските бензински пумпи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ