понеделник, 28 октомври 2024
Серија А

Интер ќе ја заврши годината како лидер, го совлада Лече со 2-0 (ВИДЕО)

Интер се врати на +4 во однос на Јувентус на врвот на табелата, „нероаѕурите“ вечерва со 2-0 го совладаа Лече со головите на Јан Бисек и Николо Барала.

Објавено на

часот

Сподели

Интер ќе ја заврши годината како лидер, „нероаѕурите“ со 2-0 го совладаа Лече и останаа на +4 во однос на Јувентус.

Резултатот беше отворен во финишот на првото полувреме, Јан Бисек одлично се снајде по еден прекин и со глава го постигна својот деби гол во калчото за 1-0.

Победникот беше решен во 78. минута, Арнаутовиќ атрактивно со пета го проигра Барела, кој рутински реализираше за 2-0.

Овој резултат значеше и големо постигнување за Симоне Инзаги, под негово водство за прв пат во својата историја Интер (под водство на еден тренер) постигнува гол на 25 натпревари во низа.

На вториот натпревар од 18 часот, Верона со 2-0 го совлада Каљари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ