Принципот на правична и соодветна застапеност на заедниците на општо ниво на јавниот сектор е имплементиран во обем од 67%. Во 2014 година изнесуваше 59%, што одговара на подобрување од 1% годишно, се наведува во истражувањето.
Според тоа што е истражено, во последните 8 години албанската застапеност се подобрува за околу 1% годишно. Со досегашниот тренд, како што се наведува, соодветна застапеност на заедниците на раководни позиции ќе се постигне по 46 години или околу 2068 година.
На раководните позиции, нивото на постигнување правична застапеност на заедниците на раководни позиции беше 54% во 2022 година, наспроти 45% во 2014 година.
„Постои општ тренд на подобрување, бидејќи индексот се движи од 5,9 во 2014 година на 6,7 во 2022 година. Со оглед на тоа што претставува индексот, еден начин да се размислува за тоа е дека во 2014 година застапеноста била 59% од соодветната застапеност, додека во 2022 година изнесуваше 67%. За период од 8 години, исполнувањето на принципот на правична застапеност се подобри за 8%, или 1% годишно“, се вели во анализата.
Родовиот индекс, според анализата на Институтот, е понизок од општиот индекс.
„Кога станува збор за родовиот индекс за раководни позиции, тој е нешто понизок од генералниот индекс, но многу блиску до идеална состојба. Индексот на лидерство се подобри од 9,1 во 2020 година на 9,6 во 2022 година. Ова е подобрување од 5% во текот на три години, односно со побрзо темпо од вкупниот индекс на родова застапеност“, се наведува понатаму.
Институтот изразува загриженост што застапеноста на Ромите е намалена од 2014 до 2022 година. Додека српската и влашката заедница се очигледно презастапени на раководни позиции и овие трендови се зголемуваат во периодот 2014-2022 година.
Со овој проект, поддржан од Европската Унија, како што се истакнува, се собрани податоци за застапеноста на заедниците и жените во јавните институции во периодот 2014-2022 година, врз основа на извештаите на Народниот правобранител. Индексите за правична застапеност се пресметуваат според демографската структура на населението, врз основа на пописот на населението во 2021 година.