Организатор беше Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ и Народна техника на Македонија под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Директорот на народна техника Пере Митрев во информацијата за МИА потенцира дека е многу среќен што во последните години има се’ повеќе млади истражувачи од Велес и земјава кои се заинтересирани да се претстават на изложбата која ја оценува стручна комисија од еминентни професори и стручњаци од овие области.
Тој потенцира дека овие манифестации се одржуваат во оваа велешко средно училиште каде директорката Весна Стојанова Богоевска и во изминатите години се покажала како добар домаќин воедно и во чест на починатиот Зоран Тодоров велешанец кој целиот работен век го посвети на напердокот на Народна технка на Македонија и со поддршка на младите.
„Посебно ме радува што овој голем настан го подржа и претседателката Гордана Сиљановска Давкова како негов покровител.нејзината поддршка е дополнителен стимул и поддршка за младите иноватори од земјава.Се надевам дека овие млади креативни истражувачи и иноватори ќе бидат иднината на земјава и ќе останат во неа и дома ќе ги креираат и реализираат нивните истражувачки и иновативни проекти коишто ќе претстават идејни решенија за олеснување на животот на сите граѓани во земјава.Овде е прерасно чуство дека се присутни од најмладите па се’ до возрасните и искусните кои исто така учествуваат и даваат поддршка и искуства на своите млади колеги“, потенцира Митрев.
Во своето видео обраќање до присутните покровителот на оваа меѓународна изложба претседателката Гордана Сиљаовска Давкова потенцира дека овој настан со години е прибежиште на младите и бунтивни умови-визионерите и иноваторите весниците на промените.
„Соочена со вашите пронајдоци,концептти и решенија уверена сум дека Македонија има иднина доколку се бори за вас и доколку не ве подари на некоја држава заборавајќи дека губи бесценет човечки потенцијал. Чест е да се биде покровителка на ваков настан на кој врие од таленти.Почитувани пронаоѓачи вие сте тука за да покажете дека умот е безграничен и побрз од светлината.Вашата љубопитност и вашата храброст да експериментирате и да трчате напред го гонат општеството кон нови достугнувања и вие сте иднината на оваа земја“, им порача претседателката Сиљановска Давкова на младите.
Меѓународната изложба 45 МАКИНОВА и 22 ЕКОНОВА заврши со врачување на награди и признанија, признанија и медали на најуспешните во сите категории според стручната жири комисијата која цел ден детално ги оценуваше сите изложени пронајдоци а кои ги демонстрираа и појаснуваат учесниците –креаторите на моделите од кои некои веќе имаат и практична примена.
Благодарници добија и сите подржувачи на оваа традиционална манифестација.
Младите научници учесници на оваа научна изложба во изјава за МИА, побараа поголема подршка од државата и спонзори за практична реализација на нивните пронајдоци и нивно патентирање. Тие потенцираат дека нивните пронајдоци се во тек со најсовремените достигнувања во светот во многу области, а со нивна практична реализација ќе им се олесни животот на сите граѓаните, ќе се заштеди енергија и ќе и се помогне на државата да оди напред и да се развива.