петок, 18 октомври 2024

Инклузивна претстава „Ѕуница“ на знаковен јазик

Децата од дневниот центар Доза среќа и нивните другарчиња, инспирирани од сликовницата „Ѕуница од  Бранислав Николов и илустрација на Иванка НиБа, по втор пат подготвија инклузивна претстава на знаковен јазик. Претставата ќе биде прикажана на 23 ноемвриво МКЦ во 19 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа авантура ве носат Бојана, Мендо, Зајаче и Птичка, секој различен, но секој вреден на свој начин, сложно ќе одиграат една братска слога, така е и со децата. За една група или заедница да остане сложна потребен ни е некој мудар како Бојана, силен како Мендо кој ќе не износи на рамена, досетлив како Зајче и гласен како Птичка. Она што човек не може да го направи сам, во слога со пријателите ќе успее, па заедно со нив ќе може да помести дури планини.

Така и децата од Доза среќа заедно со пријателите режисерот Роберт  Ристов, сценографија Сара Синани, драматург Дарко Спасов, илустрација и графички дизајн Иванка НиБа, фотографија и графички дизајн Владанка Колева, предавач на знаковен јазик Соња Кимова Делевска, продукција на звук студио Абра-кадабра, продуцент на звук Христијан Аризановски, автор на музика Драган Илиев и нивните другарчиња Калина, Арабела, Калина, Магдалена, Ангела, поддржани од Град Скопје, МКЦ и издавачката куќа Светулка ќе ја нацртаат многубојната Ѕуница на нашето небо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ