вторник, 22 октомври 2024

Индија: 38 лица загинаа од удари на гром, меѓу жртвите има и деца

На северот на Индија, во државата Утар Прадеш, удар на гром за време на бура во средата уби 38 лица.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Најголем број жртви е забележан во северозападниот дел на земјата, во Пратапгарх, каде загинаа 11 лица, а нивните тела се испратени на обдукција, пренесува Индија тудеј.

Повеќето од жртвите биле погодени од гром додека работеле на фармата или ловеле риба. Покрај тоа, десетици жители на Пратапгар се здобиле со изгореници.

Гром усмрти и седум лица во Султанпур, меѓу кои три деца.

Обилните врнежи ќе продолжат во северниот дел на Индија во следните пет дена, а поплавите го нарушија нормалниот живот во Утар Прадеш, соопшти Индискиот метеоролошки оддел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ