петок, 18 октомври 2024
Продолжува судскиот случај Петровска-Ковачки

Имотот е продаден одамна, новиот сопственик ја изградил хациендата, тврди министерката за одбрана

Објавено на

часот

Сподели

„Од презентираните докази се гледа дека во 2009 година сум го продала имотот во Радишани без притоа таму да постои каков било објект. По продажбата новите сопственици почнале со изградба на објектот. Доказите ѝ беа дадени и на одбраната за да може да ги разгледа“, изјави министерката Петровска.

Пратеникот Димитар Ковачки во ноември минатата година ја обвини министерката за одбрана Славјанка Петровска дека криела луксузен имот, односно дека во својот анкетен лист до антикорупциската комисија пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, ама не и луксузен имот во Радишани.

„Вистината е дека Славјанка Петровска поседува огромна хациенда со базен во Радишани. Целиот имот е ограден со голема двометарска ограда. Овој имот на Петровска е евидентиран и во катастар, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани. И се наоѓа на улица Радишанска“, рече тогаш Ковачки објавувајќи фотографии од имотот.

Пред да ја поднесе тужбата, Петровска ги демантираше обвинувањата и побара извинување од Ковачки кое не го доби.

Следното рочиште ќе се одржи на 12 септември годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ