петок, 18 октомври 2024

„Имиња” на Јане Спасиќ на 45. фестивал „Синемед“

 Краткометражниот игран филм „Имиња” е избран во официјалната селекција на 45. Меѓународен медитерански филмски фестивал Синемед во Монпелје, Франција, што се одржува од 20 до 28 октомври. 

Објавено на

часот

Сподели

Филмот ќе има две проекции, на 23 и на 27 октомври, а по проекцијата на 27-ми ќе следува и разговор со режисерот Јане Спасиќ. 

Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири. (Grand Prize, Canal+ Prize, Audience Prize and Young Jury Prize).

„Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на Арт проект лаб Скопје, со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија, а домашната премиера на филмот се одржа во рамките на 22-то издание на Синедејс фестивалот во Скопје. 

Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова, која е и ко –сценарист заедно со Саше Тасев и Огнен Георгиевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ