На вчерашната седница, Надзорниот одбор ги избра членовите на Управниот одбор и тоа во состав: за претседател на Управениот одбор и директор е назначен Бурим Љатифи, заменик директор Александар Пауноски, а за членови назначени се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.
Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор, приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и оддржлив развој на компнијата се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните кросиници.
Притоа Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе допринесат за унапредување на преносната мрежа, соопшти Министерството за транспорт и врски.