недела, 20 октомври 2024

Илон Маск за смртта на американскиот новинар во Украина: Целосно беззаконие

Веста за смртта на новинарот и блогер Гонзало Лира во притвор во Украина, кој имал американско и чилеанско државјанство, е целосно беззаконие, наведе американскиот мултимилијардер Илон Маск, коментирајќи ја објавата на американскиот претприемач Дејвид Сакс.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е целосно беззаконие“, порача Маск на социјалната мрежа Икс.

Претходно Сакс напиша дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден можела да го врати Гонзало Лира со еден телефонски повик, меѓутоа не мрднале со прст.

„Затоа украинската влада знаела дека може да постапува неказнето. Сепак, да се убие американски државјанин во притвор претставува дрскост на разбојнички и несигурен режим“, напиша Сакс.

Претходно американскиот водител и коментатор Такер Карлсон озвести дека американскиот новинар Гонзало Лира, кој претходно ги критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Џо Бајден, починал во украински затвор „по мачење и тешка болест“.

Карлсон ја објави оваа информација повикувајќи се на таткото на Лира. Според него, новинарот бил држен во изолација повеќе од осум месеци, а американската амбасада во Украина не направила ништо за да му помогне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ