петок, 1 ноември 2024

Илон Маск и Марк Закерберг се договорија да се тепаат во кафез

Објавено на

часот

Сподели

Маск објави порака на својата социјална мрежа Твитер дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг.

Закерберг, шефот на матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, Мета, потоа објави скриншот од твитот на Маск со натпис „испрати ми локација“.

„Приказната зборува сама за себе“, изјави портпаролот на Мета за Би-би-си.

Маск потоа на Закерберг му одговори со: „Вегас октагон“.

Октагон е душек за натпреварување и ограден простор што се користи за борби во Ултимативен боречки шампионат (УФЦ). УФЦ е со седиште во Лас Вегас, Невада.

Маск, кој ќе полни 52 години подоцна овој месец, на Твитер напиша и: „Имам еден одличен потег што го нарекувам ‘Морж’, каде што само лежам над мојот противник и не правам ништо“.

Тој напиша и: „Речиси никогаш не вежбам, освен што си ги кревам децата и ги фрлам во воздух“.

39-годишниот Закерберг, пак, веќе тренирал мешани боречки вештини (ММА), а неодамна победи на турнири во џиу-џицу.

Нивниот муабет стана вирален, а корисниците на социјалните мрежи дебатираат кој ќе победи во мечот, додека други објавија мемиња, вклучувајќи мајтапчиски постери што ја рекламираат борбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ