петок, 29 ноември 2024

Илон Маск: ЕУ ѝ понуди на социјалната мрежа Икс тајна незаконска зделка

Сопственикот на социјалната мрежа Икс, Илон Маск изјави дека Европската Унија и понудила на компанијата незаконска тајна зделка.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ако се согласиме тивко да ги цензурираме објавите на интернет без да кажеме никому, нема да бидеме казнети“, напиша Маск на својата социјална мрежа.

Денеска Европската комисија официјално ја обвини компанијата Икс дека не го почитува законот на Европската Унија за социјалните мрежи и го означи Маск одговорен за тоа што социјалната мрежа ја направи рај за дезинформации и нелегални содржини.

Прелиминарната истрага на Комисијата на ЕУ покажа дека Икс го прекршил законот во врска со транспарентноста на рекламирањето, пристапот до податоците за истражувачите и таканаречените „мрачни форми“, кои се користат за собирање приватни податоци преку измама на корисниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ