четврток, 24 октомври 2024

Илон Маск демантираше дека ќе му донира 45 милиони долари месечно на Трамп

Мултимилијардерот Илон Маск ги демантираше извештаите дека ќе му дава околу 45 милиони долари месечно на новиот политички одбор за поддршка на Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Маск во емисијата на Џордан Питерсон кажа дека „тоа едноставно не е вистина“. „Нема да му донирам 45 милиони долари месечно на Трамп“, кажа тој.

„Сега формирав ПАК, или Супер ПАК, или како сакате наречете го. Се вика Америка ПАК“, кажа Маск.

Супер ПАК, скратено од Комитет за политичка акција, е независна политичка организација на кои донатори можат да им даваат неограничени количества пари, додека донациите на поединци или на организации кои не се ПАК се ограничени.

По интервјуто со Питерсон, Маск на социјалната мрежа Икс напиша дека дава донации за Америка ПАК, но дека станува збор за многу помали суми.

„Клучните вредности на ПАК-от се поддршка на меритократијата и индивидуалната слобода. Републиканците главно, но не целосно, се на страна на меритократијата и слободата“, напиша Маск.

„Планот е да се промовираат принципите кои ја направија Америка голема“, кажа Маск во емисијата на Питерсон.

„Не би кажал дека сум МАГА. Мислам дека Америка е одлична. Јас сум повеќе МАГ, да ја направиме Америка поголема“, додаде тој, реферирајќи на слоганот на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Маск не прецизираше колку пари планира да донира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ