сабота, 19 октомври 2024

Илјада мртви и неколку илјади ранети во Газа и Израел. Нападите не престануваат

Трет ден од конфликтот меѓу Хамас и израелската војска. Според досегашните информации, загинале повеќе од илјада луѓе, а повеќе од 4.000 се ранети. Додека продолжува евакуацијата на странски државјани, САД ги придвижуваат носачите на авиони поблиску до Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Би-би-си, утрото донесе нови израелски ракетни напади врз Газа.

Одекнуваат силни експлозии, а над зградите се издигнува пламен и чад, како одговор на саботниот крвав упад на Хамас, кој влезе во Израел од Појасот Газа.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари денеска изјави дека борбите со палестинските сили во моментов се водат во шест градови на границата на Појасот Газа, наведувајќи дека борбите се во тек во Бера, Кфар Аз, Нирима и Алумим.

На брифинг со новинарите, Хагари рече дека во текот на изминатата ноќ „околу 70 терористи се инфилтрирале во Бера, но повеќето од нив биле убиени во битка со израелските сили, додека останатите сѐ уште се кријат во куќи“ во тој регион, пренесува Тајмс оф Израел.

Уште еден авион на „Ер Србија“ од Тел Авив слета во Белград во 01:33 часот, објавено е на интернет страницата на аеродромот „Никола Тесла“.

Унгарија евакуираше 215 лица од Израел со два авиони во текот на ноќта и тие безбедно пристигнаа во Будимпешта, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на Фејсбук.

Од друга страна, единствената кинеска авиокомпанија која лета меѓу Кина и Израел, Хаинан ерлајнс, го откажа денешниот лет меѓу Тел Авив и Шангај, наведувајќи ја како причина неповолната безбедносна ситуација во Израел.

Полска почна да ги евакуира своите граѓани од Израел, а првиот авион со околу 120 луѓе слета во Варшава рано утринава.

Пентагон ќе испрати бродови и авиони поблиску до Израел, објави во неделата американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во голема демонстрација на сила откако милитантите на Хамас започнаа напади во јужен Израел.

Носачот на авиони УСС Џералд Р. Форд, крстосувачот УСС Норманди од класата Тајкондерога и четири разурнувачи се упатени да се преселат во источниот Медитеран, според соопштението за печатот во неделата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ