Со одлука на Мицкоски осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес. Ибрахим Ељези е осуден и лежел 4 години затвор, од 2013 година до 2017 година во Идризово. Кривичното дело за коешто бил осуден е за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Сега истиот овој човек Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го ствааат директор на затвор КПД Идризово, одделение Велес? Ова не е нормално. Па како може осуден криминалец да биде одговорен за затвор?“, рече Илиевски.
Од СДСМ уште наведуваат дека и Емил Јанески поранешен директор на Водовод и канализација Прилеп имал кривична пријава за несовесно работење, но со одлука на Мицкоски е именуван за в.д. директор на затворот во Прилеп.
„Јанески во 2020 година бил директор на Водовод и канализација Прилеп и против него МВР има поднесено кривична пријава за несовесно работење во службата и штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари. Дури и ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за наводната милионската проневера од Јанески. И сега истиот тој ВМРО-ДПМНЕ го назнаува за в.д. директор на затвор. Надвор од паметот и секоја логика! Ова е класична криминална кадровска политика. За 30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат секојдневни скандали, промашувања и разочарувања. Немало досега Влада со толку лош почеток, со толку кадровски промашувања“, кажа Илиевски.