сабота, 19 октомври 2024

Или преговори или нема да се работат ни итните предмети, порача обвинителската администрација

Обвинителската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата уште денеска не седне на преговарачка маса со синдикатот кој бара зголемување на платите и враќање на додатоците за плата. 

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски денеска изјави дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од Владата не седне на преговори, ќе стане поригорозен. 

„Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно пролонгирање и избегнување на решение ќе предизвика дополнителен гнев кај штрајкувачите, а за последиците од тој гнев нема да биде одговорен Синдикатот на УПОЗ“, рече Дејаноски. 

Она што е спорно за синдикатот е и тоа што Владата инсистира минималната плата да биде избришана како основен елемент од нивните плати.

„Тоа значи само едно. Кога во март идната година ќе порасне минималната плата, ниту еден од овие вработени нема да добие усогласување со минималната плата. Проекцијата е дека минималната плата ќе порасне за 3.000 до 4.000 денари, што ќе направи уште еден хаос во управата, во обвинителствата и во судовите“, рече Деаноски.

За решавање на барањата на обвинителската администрација, Владата пред околу еден месец формираше работна група со цел изнаоѓање решение за барањата на обвинителската администрација. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ