вторник, 22 октомври 2024

Игор Јанушев назначен за генерален секретар на Владата

Владата на денешната прва седница го именува Игор Јанушев за Генерален секретар на Владата, за шеф на канцеларијата на премиерот е назначен Владимир Нелоски, а негов заменик Саше Павлоски, додека Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи.

Објавено на

часот

Сподели

Јанушев, како што информираат од владината прес-служба, е дипломиран правник на Правниот факултет Јустинијан Први-Скопје. Неговото претходно искуство вклучува работа како пратеник во Собранието, директор на ЈСП Скопје и раководител на Секторите за воздухопловство и за општи работи при Министерството за транспорт и врски. Како пратеник, Јанушев беше шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ и претседател на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Владимир Нелоски, се вели во владиното соопштение, има завршено на Економскиот факултет, воедно е магистер на Правниот факултет Јустинијан први од областа на корпоративното право. Тој е советник во Град Скопје. Бил претходно вработен во Агенцијата за електронски комуникации и има богато искуство во менаџирање со процеси и човечки ресурси.

Саше Павлоски завршил на Економскиот Факултет при УКИМ. Тој има повеќегодишно работно искуство во Владата на Република Северна Македонија и искуство од менаџерско работење и делување. Бил и член на Надзорен одбор на МЕПСО и претседател на Управниот одбор на Национален парк „Маврово”.

Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи. Тој има магистратура по менаџмент на човечки ресурси и долгогодишно професионално искуство во деловното работење, консалтинг услуги и менаџирање во приватниот сектор. Томовски е поранешен управител на ЕЛЕМ Турс и има стекнато обуки на повеќе интернационални школи за менаџмент на човечки ресурси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ