петок, 18 октомври 2024

ИФФХС: Гвардиола најдобар тренер за 2011 година

Објавено на

часот

Сподели

Гвардиола, кој со Барселона во изминатата година освои пет трофеи од можни шест (загуби само во Кралскиот Куп од Реал Мадрид), убедливо триумфира со 201 бод пред Жозе Мурињо, главниот ривал од Реал Мадрид. Трет во изборот е менаџерот на англискиот првак Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, инаку противник во финалето на Лигата на шампионите минатата година.

Гвардиола со Барселона во 2011 година стигна до третата шампионска титула во низа, вториот ЛШ во три години, четврти севкупно, како и до втората светска круна на СП за клубови во декември. Ги освои и двата суперкупа, во Шпанија против Реал и во Европа против Порто.

За очекување е в понеделник и ФИФА да го прогласи за најдобар светски тренер на традиционалниот избор на најдобриот фудбалер, кој од минатата година заеднички го доделуваат светската федерација и магазинот „Франс фудбал“ со познатата златна топка.

ИФФХС во почетокот на годинава ги избра и Оскар Табарез за најдобар селектор, Икер Касилјас за најдобар голман и Чави Ернандез за најдобар плејмејкер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ