четврток, 31 октомври 2024

И Советот за координација на безбедносните служби се подготвува за претстојните избори

Прва седница на Советот за координација на безбедносните служби се одржала денеска на која, како што соопшти  техничкиот премиер Талат Џафери,  се расправало за предвидувања во однос на потребата на предизборнот и изборниот процес.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Особено во контекст на дезинформациите, лажните вести и  можни сајбер постапки по институциите на системот. Беа дадени соодветни информации, предвидувања од соодветните институции и заедно со заклучоците дадени се обврски до институциите како да постапат понатаму. Во тој контекст мислам дека сме на ниво на она што ни е обврска и одговорност за спроведување и постапување по сите информации. Нека се тие и дезинформации, ние сме должни да оцениме, процениме и во крајна инстанца и да постапиме“, изјави Џафери при работната посета на Боговиње.

Во однос на обвинувањата од опозиција дека ДУИ нема да ги признае изборите или дека подготвува сценарио за нерегуларни избори, одговори дека тоа се партиски изјави, а Владата нема потреба да се произнесува за она што е слободата на говор.

„Доколку има елементи соодветни за постапување по допрен глас,  институциите коишто се надлежни треба да постапуваат. Владата не може да се меша ниту во постапувањето на обвинителството, ниту во постапување на судскиот систем, тоа се надлежности издвоени со  Устав и со закон“, рече техничкиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ