вторник, 22 октомври 2024
Средба Пендаровски-Пирц Мусар

И претседателот сака одложено дејство на уставните измени ама за него тоа е нереална работа

Објавено на

часот

Сподели

„Во тој дел се случува една позитивна промена во една сива слика од претходниот период. Опозицијата немаше желба за гласање на Уставот и претпоставувам го знаете главното барање“, рече Пендаровски.

Пендаровски ја поздрави „значајната промена во однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ“ од која, како што вели директно зависи дали ќе можеме дојдеме до 2/3 мнозинство за да го промениме Уставот.

„И двете страни се во право. Премиерот е во право кога вели дека има драстична промена во позицијата на опозицијата за уставните измени. Од друга страна опозицијата е во право кога вели за нејзините предуслови за уставни измени со одложено дејство кога ќе влеземе во ЕУ, кое според мене е надвор од реалноста. И јас би сакал такво нешто, меѓутоа заклучоците на Советот на Европа се кристални јасни. Морате да направите уставни промени до крајот на скринингот, за да продолжиме автоматски со отворањето на другите Поглавјата и одржувањето на Втората меѓувладина конференција. Знаете колку тешко дојдовме до тие заклучоци. Во тие заклучоци е вграден ставот на Бугарија. Тоа е сосема нереално и тоа сите го знаат. Се надевам дека не е изговор. Бев изненаден кога слушнав дека главната опозициска партија сака да биде дел од Владата и од позиција на Влада да гласа за отворање на Уставот. Вие можете да гласате за уставни промени и од позиција на опозиција“, рече претседателот на заедничката прес-конференција.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изрази надеж дека политичарите во Македонија ќе покажат мудрост и ќе ги спроведат уставните измени, кои се услов за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и отворање на кластерите во преговорите. Таа истакна истакна дека патот кон ЕУ не е лесен, дека Словенија веќе се соочила со тие процеси и оти на тој пат и оваа држава морала да го смени Уставот, за што тогаш имало жестоки политички дебати во словенечкото општество. 

„Да потенцирам Словенија го помина тој процес и не ни беше лесно. Дозволете ми да потенцирам и дека Словенија мораше да го смени Уставот и тогаш во мојата татковина се слушаше како тоа не е добро за словенечкиот народ, како ќе се изгуби словенечкиот јазик. Го променивме Уставот во член кој дозволуваше странците да купуваат и поседуваат имот. Имаше политички расправи и дебати, имаше жешки расправи од тој аспект, но успеавме во тоа, бидејќи словенечката политика беше свесна дека треба да бидеме единствени кога треба да реализираме европски проекти. Се надевам дека политичарите ќе сфатат колку е битно единството и размислувањето дека треба да се оди пет/шест чекори напред и да се сфати што е добро за македонскиот народ. Јас искрено се надевам дека ќе покажете доволно политичка мудрост и ќе го смените Уставот“, порача Пирц Мусар.

Таа нагласи дека тука се и обврските кои ги има Европската Унија (ЕУ) кон Македонија и дека Унијата исто така треба да го заврши својот дел од работата и да и помогне на Македонија во тој процес.

Словенечката претседателка нагласи оти верува и знае дека Македонија има потенцијал да влезе во Унијата. Таа додаде дека новонастанатите геополитички околности и приближувањето на Украина и Молдавија кон ЕУ нема да влијание врз тоа евентуално Македонија да остане во втор план во однос на евроинтеграциите.

„Што се однесува до пристапувањето на Украина и Молдавија секоја земја има има право да изрази желба и да се приклучи кон ЕУ, но како претседателка на Словенија ви гарантирам дека Северна Македонија нема да исчезне од дебатите, секогаш ќе биде во центарот на нашето внимание во однос на приближувањето. Словенија секогаш ќе биде ваш поддржувач и секогаш ќе ви помага“, нагласи Пирц Мусар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ