сабота, 30 ноември 2024

„И јас сум Сирма“ – нов роман на Зоран Спасов-Ѕоф

Вечерва во Младинскиот културен центар (МКЦ) или во Домот на млади 25 Мај ќе биде промовиран новиот роман на Зоран Спасов-Ѕоф, „И јас сум Сирма“. Книгата е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промотор е професорката Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Гостинка во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, ќе има настап на „Сирма рок’н’рол бенд“.

Објавено на

часот

Сподели

„’И јас сум Сирма’ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што ‘авторката’ ги има собирано во изминативе 16 века. Таа вели дека сè што напишала е вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но… таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми… но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица“, вели авторот.

Спасов е автор и на книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“.

Книгата „И јас сум Сирма“ ќе биде достапна за продажба за време на промоцијата во МКЦ, како и во книжарниците „Литература.мк“ и oнлајн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ