среда, 20 ноември 2024

И Хрватска испраќа помош за гаснење на пожарите, пристигнува ер-трактор со два екипажи

Министерството за одбрана на Република Хрватска во Македонија испраќа авион канадер со два екипажи за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, соопшти вчера министерството во Загреб.

Објавено на

часот

Сподели

Авион Canadair CL-415 со два екипажа се испраќа во Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, се додава во соопштението.

Македонската влада завчера донесе одлука за постоење на кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на земјава и побара помош од Турција, Хрватска, Србија и Црна Гора. Турција веќе испрати хеликоптер и два ер-трактори, а Србија еден хеликоптер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ