петок, 18 октомври 2024

И директорот на ЦУК вели дека вештаци го испитуваат мостот Беласица, до нивниот наод мостот не е безбеден

Објавено на

часот

Сподели

Ангелов рече дека ЦУК поднесе барање до Град Скопје да извршат вонредна проверка, но и барање до МВР да проверат дали по другите мостови во градот престојуваат бездомници или друг тип на лица кои можат да ја загрозат безбедноста на мостот.

„Мостот Беласица во овој момент се вештачи. Додека не се утврди колкава е штетата, што и да кажеме е непотврдено и ќе дојде во ранг на шпекулации. Добро е тоа што другата страна на мостот од страна на Железничката станица не е оштетена. Штетата е само страна од Ист гејт мол, каде што пожарот всушност и започнал. Што се однесува до другите мостови во градот, тие се безбедни. Но, доколку под мостот нема горливи материи, луѓето не можат туку така да ја загрозат безбедноста на мостот, рече Ангелов.

Според Ангелов, проблемот кај овој мост е тоа што под него минуваат големите цевководи по кои поминуваше топлата вода од Топланата.

б

Прашан кој го врши вештачењето на мостот, Ангелов посочи дека прашањето треба да се упати до Градот Скопје, но според неофицијални информации, се работи за врвни професори и, како што нагласи, не може да се каже дека е паушално мислењето на деканот на Градежниот факултет. Тој за мене е врвен професионалец, нагласи Ангелов.

Инаку, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција рече дека од првичниот увид на професорот за земјотресно инжинерство, односно експерт за статика, Михаил Гаревски, нема нарушување на структурниот интегритет на мостот Беласица.

„Првичните информации говорат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот“, посочи градоначалничката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ