недела, 27 октомври 2024

Хутите се закануваат со напади врз израелските пристаништа и нафтени полиња

Хутите, кои се поддржани од Иран, денеска се заканија дека ќе ги нападнат израелските пристаништа и нафтени полиња, како и дека ќе предизвикуваат нови прекини во поморскиот сообраќај, според извори од јеменската престолнина Сана, цитирани од весникот Ал-Акбар, близок до либански Хезболах.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Воените лидери на Хутите додадоа нови цели на својата листа на мети, како одговор на израелските одмазднички напади врз пристаништето Ходеида во Јемен, контролирано од Хутите, по нападот со беспилотно летало врз Тел Авив, објави Тајмс оф Израел.

Се вели дека Хутите планираат да ги нападнат израелските медитерански пристаништа Ашдод, Ашкелон и Хаифа, како и пристаништето Еилат на Црвено Море.

Мета ќе бидат и нафтените полиња во Средоземно Море, како и танкери што превезуваат нафта од Азербејџан и Казахстан до Израел преку источен Медитеран.

Хутите, исто така, планираат да извршат напади врз поморскиот трговски сообраќај во Медитеранот и во Индиски Океан и имаат намера да користат ракети со долг дострел за тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ