Хутите не ја објаснија двонеделната пауза во нивните напади врз бродовите што пловат низ Црвеното Море, кои наводно ги извршуваат како одмазда за израелската војна против Хамас во Појасот Газа.
Новиот напад на бродот доаѓа по убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Иран, главниот добротвор на Хутите, и во услови на обновена загриженост дека војната може да прерасне во регионален конфликт.
Нападот во саботата се случи на околу 225 километри југоисточно од Аден, во дел од Аденскиот Залив каде што претходно имаше бројни напади на Хутите.
القوات المسلحة اليمنية تعلن عن استهداف سفينة (Groton) في خليج عدن وذلك لانتهاك الشركة المالكة لها قرار حظر الدخول إلى موانئ فلسطين المحتلة.
هو الله ☝ pic.twitter.com/xsJ4TnwDza
— حسان (@eHSzWWZEDxl1erX) August 4, 2024
Хутите го нападнаа товарниот брод Гротон предизвикувајќи мала штета, соопшти Заедничкиот поморски информативен центар, мултинационална коалиција надгледувана од американската морнарица. Претходниот ракетен напад го промашил бродот,изјави поморскиот центар.
„Сите членови на екипажот се безбедни. Бродот вплови во блиското пристаниште“, соопштија од центарот.