четврток, 28 ноември 2024

Хутите нападнаа американски брод во Аденскиот залив. Вашингтон тврди дека не е предизвикана штета

Јеменските бунтовници Хути извршија напад на американски трговски брод во Аденскиот Залив, во кој, според тврдењата на Вашингтон, не е причинета никаква штета.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Проиранските бунтовници ја презедоа одговорноста за нападот, наведувајќи дека „спроведоа целна операција против американски брод во Аденскиот Залив со неколку противбродски проектили“ и дека „некои ја погодија својата цел“.

Американската воена команда на Блискиот исток (Центком) потврди дека Хутите го извршиле нападот, но со „два проектили“ и дека тие не ја погодиле целта.

Целта беше американскиот танкер „Хем Ренџер “, кој плови под знамето на Маршалските Острови и се наоѓаше во близина на брегот на Јемен во последните денови.

Британската агенција за поморска безбедност го пријави инцидентот југоисточно од градот Аден со експлозија на 30 метри од бродот, наведувајќи дека во близина бил забележан дрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ