четврток, 24 октомври 2024

Хутите најавија „ефикасен одговор“ на израелските напади

Врховниот политички совет на јеменското бунтовничко движење Хути соопшти дека „ефикасно ќе одговори“ на израелските воздушни напади на пристаништето Ходејда во Јемен, јавува Ројтерс. Израелската војска соопшти дека погодила неколку цели на Хутите во западниот дел на Јемен, по нападот со дрон на Тел Авив претходниот ден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку „воени цели“ се погодени во западниот пристанишен град Ходејда, наведе израелската војска, додавајќи дека нападот е „одговор на стотиците напади извршени на државата Израел во последните месеци“.

Портпаролот на Хутите Мохамед Абдулсалам на социјалната мрежа Икс порача дека Јемен е подложен на „очигледна израелска агресија“ насочена против резервоари со гориво и електроцентрала.

Тој кажа дека нападот има за цел „да го засили патењето на народот и да се изврши притисок врз Јемен да престане да ја поддржува Газа“. Абдулсалам порача дека нападите само ќе го направат народот на Јемен и неговите оружени сили порешителни да ја поддржат Газа.

Медиум под контрола на Хутите во Јемен јави претходно денес дека врз пристанишниот град Ходејда се извршени интензивни воздушни напади и дека веројатно Израел стои зад нив.

Телевизијата Ал масира објави дека во нападите на резервоарите со гориво во пристаништето и врз локалната електроцентрала има загинати и ранети, но не изнесе други детали. Во извештајот се наведува дека во пристаништето избил голем пожар и дека голем број потрошувачи останале без електрична енергија.

Здравствените власти во Јемен соопштија дека во нападите загинале повеќе луѓе и дека многумина се повредени, но не изнесоа детали.

Во нападот на Хутите со дрон во центарот на Тел Авив загина едно, а ранети се најмалку десет лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ