недела, 20 октомври 2024

Хрватска ја победи Србија за полуфинале на СП во ватерполо

Во денешното соседско дерби, дуелот меѓу вечните ривали Хрватска и Србија го добија Хрватите со 15-13 и се пласираа меѓу четирите најдобри на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во Доха.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот беше исклучително неизвесен, по првите две четвртини беше нерешено, 9-9, но во вториот дел од мечот Хрватите беа подобри.

Третата четвртина ја добија со 2-1, во последната беа подобри со 4-3, за конечен триумф од 15-13.

Во полуфиналето Хрватска ќе игра со Франција која со 11-10 ја совлада Унгарија.

Претходно Шпанија со 15-12 ја совлада Црна Гора и во полуфиналето ќе игра против Италија која ја победи Грција со 11-10.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ