сабота, 19 октомври 2024

Хрватите чистат нафтени дамки пред доаѓањето на туристите

Објавено на

часот

Сподели

„Голем дел е исчистен, туристичката сезона се приближува и туристите ќе можат да дојдат, но остана уште работа“, вели за Ројтерс Силвија Бутињони, директорка на организацијата Натура хисторика која управува со заштитените области во регионот на Истра.

Не е дадено официјално објаснување за загадувањето кое, во мали дамки, се залепило на карпите и две варовнички плажи во близина на градот Пула. Регуларните туристички плажи се исчистени.

Ројтерс потсетува дека туризмот претставува 20 отсто од хрватската економија која допрва треба да се опорави од пандемијата на коронавирусот.

Чистењето, во кое учествуваат цивилната одбрана, пожарникарите и доброволци, трае со месеци.

Бутињони вели дека нафтата навлегла во пукнатините на варовнички карпи и во микролокации. „Ние исто така организиравме операција на чистење, но тоа е сизифовска работа“, кажа таа за британската агенција.

Ова не е првпат нафта да се појави до брегот во таа област и луѓето заслужуваат да ја знаат причината, смета таа. „Не можеме само да чекаме и секоја година да стравуваме дека ветерот ќе донесе нова нафтена дамка“, вели Бутињони. „Туризмот е важен, но заштитата на природата е поважна“. Таа истакна дека нема назнаки дека се погодени растителниот и животинскиот свет.

Медиумите објавија дека има назнаки дека загадувањето го предизвикала блиската термоцентрала во Риека, која претходно во ноември призна дека се случил технички дефект. Меѓутоа, тие тврдења не се потврдени, а од компанијата е соопштени дека не ѝ е официјално кажано дека е одговорна за загадувањето.

Мирко Радоловиќ, шефот на регионалниот отсек за одржлив развој, само кажа дека нафтените дамки допловиле од морето, погодувајќи шест километри ненаселен брег во близина на селото Лижњан.

„Ќе има проблеми бидејќи нафтата постојано пристигнува во мали количества“, кажа мештанинот Џулијано. „Ќе има проблеми со туризмот, кога ќе пристигнат гостите и кога ќе згазнат во тоа. Се шири насекаде и не може да се контролира“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ