понеделник, 25 ноември 2024

Христијан Мицкоски најави тужба против Славјанка Петровска

Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба против Петровска, соопшти премиерот Христијан Мицкоски откако поранешната министерка за одбрана и пратеничка на СДСМ Славјанка Петровска на фејсбук го обвини премиерот дека стои зад мафијашките пресметки и убиства.

Објавено на

часот

Сподели

„Со жалење го прочитав тој нејзин статус. Не ѝ е првпат на Славјанка Петровска да нанесува удар врз мене и моето семејство на ваков подмолен начин, со многу лаги, измислици, конструкции. Таа за жал мене монструозно ме обвини, но јас тоа го оставам на нејзината чест и совест. Не би сакал да навлегувам во длабочината на нејзината мисла додека го креирала и го објавила овој пост. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба. Би сакал органите, судот, докрај да го расветлат тоа, да видат со какви докази располага Петровска, дека јас сум нарачувал и охрабрувал убиства“, се вели во реакцијата на Мицкоски.

Тој додаде дека има семејство кое функционира низ градот и не би сакал да се најде во непријатна состојба.

„Одредени политичари, како што е Петровска, се обидуваат да спечалат некоја политичка ловорика и да ме нападнат мене лично, а преку тоа и моето семејство. Ќе кажам дека не ѝ е првпат. Не мислам дека ќе ѝ биде и последен пат, но, преку мојот правен тим јас во текот на деновите кои следат ќе поднесам тужба, па да ги видиме тие докази со коишто располага Петровска“, нагласи Мицкоски.

Петровска на својот Фејсбук профил вчера напиша дека премиерот Мицкоски стои и ги одобрува престрелките во Скопје.

„Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицкоски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор. Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје. Наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат. Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој. Доказ дека блискоста на Фантом со Мицкоски не е монтирана е и фактотот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицкоски. Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете“, напиша Петровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ