петок, 18 октомври 2024

Ховит: Датум за пристапните преговори за Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Европскиот парламент поддржува што побрзо приклучување на Македонија кон ЕУ, вели британскиот европратеник и известувач за Македонија Ричард Ховит, кој во извештајот за напредокот на земјата за 2011 година бара конкретен датум за почеток на пристапните преговори.

Според него, компромис во спорот околу името е важен, но сега е дојден моментот за напредок во преговорите за приклучување во ЕУ. Не прогнозира дали спорот со името ќе биде надминат.

– Преговорите иницирани од ОН се во тек и решението на спорот за името не е во надлежност на ЕУ, но Европа сепак има одговорност да бара од двете страни постигнување компромис, смета Ховит.
За извештајот на Ричард Ховит за напредокот на Македонија, ЕП се очекува да дебатира кон средината на март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ