Истражувањето под наслов „Државата и ропството“ во четвртокот беше претставено пред холандскиот парламент.
Во него се наведува дека тогашните принцови добивале три отсто од профитот на „Источноиндиската компанија“, иако не биле акционери.
Се очекува кралот Вилијам-Александар да им се извини на поранешните колонии на 1 јули, датумот што ја одбележува 150-годишнината од укинувањето на ропството во Холандија, додека премиерот Марк Руте го стори тоа во декември минатата година.