петок, 18 октомври 2024

Холандски новинари ја оспоруваат забраната на РТ и Спутник

Објавено на

часот

Сподели

ЕУ на 2 март воведе строги ограничувања за дистрибуција на руските медиуми Раша тудеј (РТ) и Спутник во Европа во рамки на санкциите против Москва, тврдејќи дека произведуваат пропаганда која служи да се оправда и поддржи инвазијата на Украина.

Холандската тужба, поднесена во Судот на правдата на ЕУ, не ги поддржува содржините кои ги објавуваат руските медиуми ниту вели дека европските емитери треба да ги пренесуваат. Во неа се наведува дека забраната е преширока и дека овозможувањето на политичарите да воведуваат политика на цензура преку ноќ во принцип е погрешно.

„Ако зборувате за санкциите, идејата е да се казни Русија“, кажа Томас Брунинг од Холандското здружение на новинари (НВЈ).

„Но, во суштина ги казнувате европските граѓани, со тоа што не ги третирате како возрасни и не им давате можност за пристап до информации“.

Тој кажа дека неоспорување на забраната би можело да биде преседан за забрана на други политизирани медиуми.

„Сите знаеме дека дезинформирањето е сериозен проблем на нашето време. Цензурата е лесен одговор, но не е вистинскиот одговор“.

Забраната, за која одлучија европските политички лидери во Европскиот совет, ги покрива „сите средства за пренос и дистрибуција на руските медиуми, вклучувајќи ги кабелските, сателитските, телевизијата, интернет платформите, интернет страниците и апликациите.

Ројтерс пишува дека тужбата на НВЈ ја поддржуваат и неколку интернет провајдери и групата за онлајн слободи Битс оф фридом.

Во одлуката на ЕУ се наведува загриженоста дека РТ и Спутник би можеле да ја дестабилизираат Европа, но таа е „исклучително нејасна“, смета Рејо Зенгер од Битс оф фридом.

„Не е јасно што точно мора да се блокира, кој мора да ја изврши блокадата, ниту колку долго блокадата треба да трае. Ако одлука како оваа е навистина потребна, мотивот треба да биде многу подобро објаснет и да помине проверка на независен судија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ