недела, 21 јули 2024

Холандската компанија „ВДЛ груп“ ја купи „Ван Хол“

Холандската групација ВДЛ (VDL Groep) го презема погонот на „Ван Хол“ во земјава во кој работат 1.350 работници, откако презеде делови од  банкротираниот фламански производител на автобуси „Ван Хол“ (Van Hool).

Објавено на

часот

Сподели

ВДЛ груп планира дополнително да ги зајакне активностите на својот оддел за автобуси во Бусен.

„Аквизицијата веднаш ќе заштеди околу 1.600 работни места во висококвалитетната европска индустрија за автобуси. Износите вклучени во стекнувањето не се обелоденуваат“, се наведува во соопштението на холандската групација.

Околу 250 поранешни вработени во „Ван Хол“ во Белгија ќе бидат ангажирани да работат на производство на делови, пост-продажба, набавка, развој и финансии за фабриката „Ван Хол“ во Koningshooikt (Белгија). Постигнат е договор со синдикатите за условите за вработување.

„ВДЛ груп“, исто така, ќе ја стекне целата интелектуална сопственост, правата за дизајн, софтверот, имињата на производите, опремата и машините од „Ван Хол“, како и фабриката за автобуси во Македонија каде што има околу 1.350 вработени.

„ВДЛ груп“, меѓународен индустриски семеен бизнис со седиште во Брејнпорт Ајндховен. Основана е во 1953 година, компанијата ја води третата генерација од 2017 година. „ВДЛ груп“ има над 16.000 вработени и е активна во 19 земји.

„ВДЛ груп“ развива и произведува широк спектар на индустриски производи, од делови до напредни готови производи.

Во 2022 година, „ВДЛ груп“ оствари комбиниран годишен обрт од 5.752 милијарди евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ