Таа објасни дека Данска, Холандија и Соединетите Американски Држави планираат да ги испорачаат првите од десетиците авиони Ф-16 ова лето по обуката на пилотите. Данските авиони први ќе пристигнат во Украина, а подоцна и првите холандски, наведува британската агенција цитирајќи ја Олонгрен.
„Уверена сум дека ова лето ќе почне испораката на Ф-16. Имаме распоред, прво Данска, а во втората половина на годината холандските авиони Ф-16 ќе тргнат по истиот пат“, кажа министерката за одбрана на Холандија.
Ројтерс додава, повикувајќи се на соопштение на холандското министерство за одбрана, дека Олонгрен на состанокот на контакт групата за поддршка на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија кажала дека Холандија на Киев ќе му обезбеди 150 милиони евра за набавка на ракети воздух-земја за авионите Ф-16, како и 200 милиони евра за современи извидувачки беспилотни летала.