среда, 30 октомври 2024

Хидрантите во Кавадарци расипани, граѓаните самоволно ги отвораат за наводнување

Подружницата на Водостопанство „Тиквеш” од Кавадарци, апелира да не се пушта самоволно вода од страна на несовесни корисници на вода.

Објавено на

часот

Сподели

„Изминатиов период затекнавме многу дефекти на хидранти настанати поради самоволното пуштање на вода на водокорисниците. Затоа ве замолуваме во наредниот период да не се охрабрувате самоволно да пуштате вода за наводнување. Доколку не се почитува оваа предупредување, во наредниот период ќе следува пријава за граѓаните кои ќе бидат затекнати на лице место“, соопштија од „Тиквеш”.

Доколку има проблем со водоснабдувањето, тие ги повикаа водокорисниците,  да се обратат  до надлежните, кои се задолжени за водоснабдувањето во нивниот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ