недела, 20 октомври 2024

Хезболах: Спремни сме да влеземе во војната

Моќната милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, кажа дека е „спремна да придонесе“ на конфликтот против Израел. Постоеја стравувања дека Хезболах би можел да се вклучи во војната, и покрај тоа што западните сили го предупредуваа да не се меша.

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено, Израел трупа војска и оружје на својата северна граница како подготовка за можен напад.

Хезболах, што на арапски значи „Божја партија“, е формиран во Либан во 1982 за да се бори против окупаторските израелски сили. Отворено повикува на уништување на „ционистичкиот режим во Палестина“ и повеќето западни сили го сметаат за терористичка организација. Хезболах и Израел од 2006 година водат војна во сенка – главно во Сирија.

Ако избие нова војна, има добра причина за верување дека би била многу полоша од претходните. И поради тоа може да се избегне со воздржување на двете страни и задржување на конфликтот само на граничната област.

Хезболах изгуби огромен број борци во Сирија. Покрај тоа, ја губи поддршката во Либан, кој не може да си дозволи уште една војна со Израел.

Повеќето Либанци се мачат со последици на длабоката економска криза – конфликтот кој би го почнал Хезболах би имал многу мала поддршка. Сепак, ризикот од случајна ескалација или погрешна проценка е реален. Последната војна почна откако Хезболах почна прекуграничен напад убивајќи осум израелски војници и грабнувајќи уште двајца.

Неговиот лидер Хасан Насралах беше изненаден од остриот одговор на Израел – војната почна како резултат на немање договор околу правилата на борба. Нападот на Хамас донесе нови правила на борбата на јужната граница на Израел. Истото би можело да важи и на израелско-либанската граница – можноста да се случат погрешни нешта и лошо да се процени ситуацијата се огромни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ