Цивил на северот на Израел беше убиен денеска од ракетен оган од Либан, соопшти израелскиот канал Н12 и службите за итни случаи.
Израелската војска соопшти дека од Либан биле испукани 10 ракети, а една од нив убила маж во Кибуц Хагошрим.
Хезболах тврди дека ги испукал ракетите врз блиската воена база во Израел како одмазда за израелските воздушни напади во близина на јужното либанско село Џибшит, во кои беа ранети неколку луѓе, пишува Тајмс оф Израел. Израел се заканува со одмазда за смртоносниот ракетен напад на Хезболах врз окупираниот Голан во кој загинаа 12 деца и млади во саботата по девет месеци размена на оган на израелско-либанската граница среде израелската војна против палестински Хамас во Газа.
Израел го обвини Хезболах за нападот во саботата, кој не ја презеде одговорноста, а Израел набрзо нападна цели во Либан. Нападите се закануваат да ги турнат Израел и Либан во војна по неколкумесечните спорадични борби на границата што започнаа веднаш откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, кој подоцна беше нападнат и од Хезболах како поддршка на Хамас. Повеќе од 500 луѓе загинаа во Либан, од кои 90 цивили, а 22 војници и 25 цивили на израелската страна.