понеделник, 28 октомври 2024

Хероин, кокаин, марихуана и амфетамин пронајде полицијата кај кумановец

Полицијата уапси кумановец во чиј дом пронајде повеќе видови на дрога, а хероин пронајде и при претрес на неговиот деловен објект.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(51) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума на пари во различни валути. Дополнително, при претрес во неговиот деловен објект во Куманово бил пронајден хероин. Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава до надлежното обвинителство“, соопшти МВР.

                                                          Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ