петок, 18 октомври 2024

Хасани претставен на сајтот на Волфсбург

Објавено на

часот

Сподели

Популарниот Буба, кој беше член на Шкендија, пред две недели потпиша договор на две и пол години, со што стана третиот Македонец што од нашата лига директно замина во Бундес-натпреварувањето. Пред него, Александар Васоски од Вардар замина во Ајнтрахт Франкфурт, а Бесарт Ибраими од Ренова стана член на Шалке. Хасани е претставен пред навивачите на Волсфбург заедно со сега веќе поранешниот фудбалер на Војводина, Слободан Медојевиќ.

„Хасани е млад фудбалер што играше над просекот во својата лига и со тоа го сврте вниманието кон себе. Но во Бундес-лигата се игра многу поинаку и затоа ќе биде потребно време за да се приспособи“, изјави Феликс Магат, тренерот на „волците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ