четврток, 28 ноември 2024

Хамас започна процес на консултации за избор на нов лидер

Палестинската милитантна група Хамас, која управува со Појасот Газа, соопшти дека започнала „широк процес на консултации“ за избор на нов лидер на своето движење по убиството на Исмаил Ханија, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува порталот Њуараб, се разговара за неколку потенцијални наследници, меѓу нив најистакнат е Калед Мешал, кој беше лидер на групата пред 2017 година.

Друг потенцијален кандидат за раководство на Хамас е Калил Ал Хаја, кој е на позицијата заменик-претседател на регионалното политичко биро на Хамас во Газа, кој претходно одигра клучна улога во преговорите за ставање крај на израелскиот напад врз Газа во 2014 година.

Се споменува и Муса Абу Марзук, кој е едно од најпознатите лица на Хамас и кој беше заменик-претседател на политичкото биро на Хамас од 1997 до 2014 година, пред тоа 14 години живеел во САД.

Исмаил Ханија беше убиен во средата во Техеран, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел, кој го обвинуваат за нападот.

Лидерот на Хамас беше погребан во петокот во Катар, откако претходниот ден во Техеран беше одржана погребна церемонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ