понеделник, 28 октомври 2024

Хамас сепак не се повлекува од преговорите за прекин на огнот со Израел

Хамас не се повлекува од преговорите за прекин на огнот со Израел и покрај смртоносните израелски напади викендов, изјави денеска висок функционер на политичкото крило на исламистичката група, Изат Ел-Решик, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Решик, исто така, го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се обидува да ги попречи напорите на арапските посредници и САД да постигнат договор за прекин на огнот.

Целта на ескалацијата на нападите на Нетанјаху и неговата влада е да се поткопаат напорите за ставање крај на конфликтот, додаде Ресик.

Два египетски извори вклучени во разговорите во Доха и Каиро претходно изјавија дека разговорите се закочени, по тридневни интензивни напори да се постигне напредок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ