сабота, 19 октомври 2024

Хамас ја обвинува Америка и меѓународната заедница

Објавено на

часот

Сподели

Министерството објави дека Америка и меѓународната заедница „носат одговорност за злосторствата на „израелската“ окупација и продолжувањето на бруталната војна против цивилите, децата и жените во Појасот Газа“, објави Си-ен-ен.

Во соопштението се додава дека Палестинците имаат право да се бранат „со сите средства“ и да основаат палестинска држава со Ерусалим како главен град.

Претходно денеска израелската армија објави дека ги продолжила борбените операции против Хамас во Појасот Газа и дека нејзините авиони изведуваат серија воздушни напади врз цели на милитантната група.

Израелската армија тврди дека Хамас ги прекршил условите на привременото примирје и дека истрелал ракета кон израелска територија непосредно пред крајот на примирјето утринава во 6 часот по локално време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ