вторник, 22 октомври 2024

Хамас: Блинкен е дел од проблемот

Високиот функционер на Хамас, Осама Хамдан, негираше дека палестинската исламистичка група изнела нови идеи за предлогот за прекин на огнот во Газа кој го поддржува Вашингтон, откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен кажа дека претставниците на Хамас предложиле бројни промени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хамдан, зборувајќи за панарапската телевизија Ал Арабија, истакна дека „Блинкен е дел од проблемот, а не од решението“ за војната во Газа, пренесува Ројтерс.

Блинкен претходно кажа дека Хамас предложил многу промени, од кои некои се неизводливи, во предлогот, иако кажа дека посредниците се решени да ги надминат разликите.

„Во сè што претставивме, ја потврдивме нашата посветеност на она што им беше претставено на 5 мај на посредниците и не зборувавме за какви било нови идеи или предлози“, кажа Хамдан.

Тој го повтори ставот на Хамас дека Израел е тој кој ги одбива предлозите и ја обвини американската администрација дека го следи својот близок сојузник „за да избегне секаква обврска“ кон планот за траен прекин на огнот во Газа.

Хамдан побара и гаранции од посредниците за да се обезбеди „Израел да не ги избегнува своите одговорности“.

Египетските и катарските посредници во вторникот кажаа дека го добиле одговорот од Хамаас и другите палестински групи на американскиот предлог, иако во соопштението не беше објаснето каков бил одговорот.

Американскиот претседател Џо Бајден на 31 мај изнесе израелски предлог во три фази кој би вклучувал преговори за траен прекин на огнот во Газа, како и фазна размена на израелските заложници за палестинските заробеници кои се наоѓаат во Израел.

Преговарачи од САД, Египет и Катар се обидуваат со месеци да посредуваат во прекин на огнот во конфликтот во кој се убиени десетици илјади Палестинци и енклавата е срамнета со земја, и да се ослободат заложниците, за кои се верува дека повеќе од стотина сè уште се заробени во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ