Клучни критериуми за добивање на оваа награда, што се доделува на внимателно селектиран број деловни банки, се вкупниот број на успешно извршени трансакции и високото ниво на прецизност и усогласеност на СВИФТ пораките со меѓународните стандарди.
Халкбанк посветено работи на обезбедување на висок степен на ефикасност и прецизност во обработката на плаќањата, што е препознаено и наградено од страна на Комерцбанк.
Преку континуирани инвестиции во обука и размена на знаења со светски реномирани финансиски институции, Халкбанк се стреми да ги унапредува услугите што ги нуди на своите клиенти, како и да воведува нови и иновативни, соопшти банката.