среда, 23 октомври 2024

Хакерски напад на изборите во Венецуела од Македонија

Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, вчера ги обвини опозициските лидери  Лестер Толедо, Леополдо Лопез и Марија Корина Мачадо за организирање на хакерски напад на ЦНЕ, државната изборна комисија на Венецуела. Според јавниот обвинител хакерскиот напад бил изведен од Македонија, пренесуваат медиумите во Венецуела.

Објавено на

часот

Сподели

На конференција за медиумите јавниот обвинител на режимот во Венецуела изјави дека хакерскиот напад потекнува од „Северна Македонија и имал намера да манипулира со податоците за гласовите. За среќа, оваа акција беше спречена, но успеа да го одложи читањето на резултатите. Целта беше да се измешаат вистинските извештаи. Го лоциравме и идентификувавме главниот водач – Лестер Толедо“.

Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, најави кривична истрага и против лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, обвинувајќи ја дека со уште две лица координирала компјутерски напад врз ЦНЕ (Национален изборен совет) од Македонија за време на претседателските избори во земјата.

Во неделата, на претседателските избори во Венецуела победи досегашниот претседател Николас Мадуро.

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен изрази „сериозни сомнежи“ во точноста на изборните резултати во Венецуела според кои досегашниот претседател Николас Мадуро е прогласен за претседател.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ