Брзо по последната клупска прес-конференција, Хаџиевски замина на печалба во Саудиска Арабија. Но, од Вардар информираат дека неговиот нов ангажман не ги менува работите.
„Во името на клубот и во името на големата фудбалска легенда Ѓоко Хаџиевски, би сакале на целокупната јавноста да и ја соопштиме веста дека и покрај новиот тренерски ангажман во Саудиска Арабија, сепак почесната функција – спортски директор на ФК Вардар, ќе продолжи да ја одработува и понатаму, чесно и одговорно како и досега.
Важно е да напоменеме дека Хаџиевски во клубот работеше без притоа да потпише било каков договор , ниту па да побара било каков финансиски надоместок за сработеното.
Дојде затоа што почувствува потреба да му помогне на Вардар, и тоа во период кога многумина други Вардарови легенди го вртат грбот и кои за жал, се амнестираат себеси по прашањето на ФК Вардар.
Соработката помеѓу клубот и господинот Хаџиевски продолжува и понатаму. Борбата за Вардар продолжува и понатаму!“, се вели во соопштението на ФК Вардар.