петок, 18 октомври 2024

Гуми, кутии, врати, намештај и секаков отпад секојдневно се остава крај контејнерите (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

И покрај фактот дека основната дејност на претпријатието е собирањето и транспортот на комуналниот отпад од домаќинствата и правните субјекти, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно се максимално ангажирани за извршување вонредни активности како што е расчистувањето диви депонии коишто настануваат како резултат на непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

д

Во оваа насока, претпријатието апелира до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови – контејнери, канти или корпи за отпадоци. Воедно, неопходна е поголема ангажираност на соодветните институции задолжени за санкционирање на прекршителите на Законот за јавна чистота, бидејќи ЈП Комунална хигиена-Скопје нема надлежност да изрекува санкции за непрописно одлагање отпад.

ф

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд  беа ангажирани и за санирање на последиците од невремето што го зафати градот Скопје, при што се вршеше подигнување на паднатите дрвја, отстранување на лисјата, како и рачно и машинско метење на поголемите улици и булевари во градот.

д

Исто така, беа реализирани и две интервенции за расчистување сообраќајни површини по сообраќајните незгоди што викендов се случија во општините Аеродром и Ѓорче Петров“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ