петок, 18 октомври 2024

Групата за брза реакција на НАТО од Нова година ќе ја предводат Британците

Британската Седма лесна механизирана бригада ќе ги предводи силите за брза реакција на НАТО од 1 јануари 2024 година, ставајќи илјадници војници во готовност, подготвени за распоредување во рок од неколку дена, објавено е на официјалната веб-страница на НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заедничката оперативна група на НАТО за највисока подготвеност (ВЈТФ) беше формирана по руската анексија на Крим во 2014 година и е распоредена за прв пат за колективна одбрана на Алијансата по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Велика Британија го презема раководството на ВЈТФ од Германија, која ги предводеше силите во текот на 2023 година.

„Оваа бригада треба да биде подготвена да се движи во рок од неколку дена каде и да му е потребна на НАТО, што ја прави клучен дел на нашата колективна одбрана. Британското раководство на нашата формација за највисока подготвеност е јасна демонстрација на нејзините способности и посветеноста на НАТО“, рече Дилан Вајт, вршител на должноста портпарол на Алијансата.

ВЈТФ е дел од поголемите сили за одговор на НАТО во кои се вклучени и воздушни и поморски сили.

Во 2024 година, копнените сили на ВЈТФ ќе се состојат од околу 6.000 војници, со борбениот тим на Седмата лесна механизирана бригада – „Пустински стаорци“ – во нејзиното јадро.

Бригадата се состои од лесен коњанички полк и четири лесни механизирани пешадиски баталјони со артилериски, инженерски, логистички и медицински полк. Единиците ги вклучуваат Кралскиот англиски полк и Кралската шкотска гарда. Полската Прва варшавска оклопна бригада и шпанската бригада Гузман ел Буено ќе обезбедат тешки борбени тенкови, нападни хеликоптери и воздушна одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ